Updated on 7:29 AM / 19-Jun-2026
Правила и услови на промоцијата „Летен поврат на пари 2026“ на Canon CEE
1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ
1.1. Оваа промоција е достапна само на купени производи од наведената/прикачената листа подолу („Промотиви производи“) во [Р. Северна Македонија] од овластени партнери во периодот помеѓу 15.06.2026 и 19.07.2026 година, вклучително („Промотивен период“). Промотивните производи можат да се продаваат само како фото или видео куќиште на фотопарат или објектив, фотопечатач или како дел од комплет или пакет објективи но може да се направи само ЕДНО барање по комплет или пакет.Набавките мора да бидат оригинални набавки за готовина или нејзин еквивалент.
1.2. Сите учесници мора да бидат на возраст од18 години и постари и мора да бидат жители на Р. Северна Македонија („Учесник”).
1.3. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие правила и услови.
1.4. Сите производи мора да бидат купени во Р. Северна Македонија и мора да биле снабдени и дистрибуирани до трговците од Canon CEE GmbH („Canon”) или групата компании на Canon лоцирани во EEA. Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Онлајн продавниците мора да прикажат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.
1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција. За да дознаете повеќе за паралелните производи посетете ја страницата http://www.canon.com.mk
2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
2.1. За да се квалификуваат за промоцијата, Учесниците мора да купат Промотивен производ на територијата на Р. Северна Македонија, за време на Промотивниот период И да поднесат валидно барање онлајн помеѓу 15.06.2026 и 02.08.2026 година.
2.2. Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи ги и одредените валидни сериски броеви на EEA производите) на образец за барање на [https://www.canon.com.mk/offers/summer-cashback/]. Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот копии од нивните сметки или потврдите за онлајн набавките, како и слика од серискиот број и EAN код земени од пакувањето на производот. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 48 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Доколку не добиете потврдна електронска пошта во рок од 48 часа по изработката на вашето барање, ве молиме контактирајте не преку е-поштата: info@canon.rs.
2.3. Учесниците кои се регистрирани како членови на Canon Club во моментот на купување на Промотивен производ или при поднесување на валидно барање за поврат на пари во Промотивниот период, ќе имаат право да ги добијат износите на поврат на пари за членови на Canon Club како што е наведено во Дел 8 (колона „Износ на поврат на пари за членови на Canon Club“ од табелата со Промотивни производи) од овие Правила и услови.
2.4. Повратот на пари на Canon Club ќе биде одобрен само доколку се исполнети сите три критериуми за подобност наведени подолу:
- Учесникот ќе достави валиден членски број на Canon Club при процесот на регистрација на барањето за поврат на пари.
- Членството во Canon Club ќе биде успешно потврдено од Canon по негово дискреционо право.
- Името наведено во барањето за поврат на пари мора да се совпаѓа со името регистрирано во соодветното членство во Club-от. Барањата со различни имиња нема да бидат прифатени.
2.5. Доколку Учесникот не е член на Canon Club или поднесе невалиден број на Canon Club, како што е опишано во клаузула 3 од овие Правила и услови, Учесникот е сепак подобен да добие стандарден износ на поврат на пари наведен во Дел 8 (колона „Износ на поврат на пари“ од табелата со Промотивни производи). Меѓутоа, таквите Учесници нема да имаат право на повратот на пари предвиден за членови на Canon Club (колона „Износ на поврат на пари за членови на Canon Club“ од табелата на Промотивни производи).
2.6. Доколку статусот на членство во Canon Club не може да биде потврден или се смета за невалиден, истечен или на друг начин неподобен, барателот ќе го добие само стандардниот износ на поврат на пари наведен во колона „Износ на поврат на пари“ од табелата со Промотивни производи, без дополнителните 10% поврат на пари, пресметани врз основа на стандардниот износ на поврат на пари применлив за конкретниот Промотивен производ.
2.7. Canon го задржува правото да го одбие или поништи повратот на пари доколку доставените податоци за членството во Canon Club се неточни, невалидни, истечени или на друг начин не можат да бидат потврдени. Компанијата исто така го задржува правото во секое време да ја измени или повлече оваа понуда без претходна најава.
2.8. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни призводи за време на промотивниот производ.
2.9. Canon нема да обработува барања примени по крајниот рок за поднесување, односно по 02.08.2026 година. Canon нема да обработува барања кои, според него се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.
2.10. Може да се направи само едно барање за набавен Промотивен производ.
2.11. Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 Промотивни производи за време на Промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од комплети или пакети како што е опишано во клаузулата 1.1) нема да бидат прифатливи за оваа Промоција.
2.12. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.
3. ПОВРАТ НА ПАРИ
3.1. Учесниците ќе добијат поврат на пари во износите наведени за набавките на Промотивните производи.
3.2. По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна IBAN исплата на банкарската сметка на Учесникот. Нема да се применат други алтернативни начини на исплата, ниту ќе биде понудена исплата во готовина или чек.
3.3. Upon receipt and verification of the claim, Canon will arrange for a direct IBAN transfer payment to the Participant’s bank account. No alternative arrangement will be entered into and no cash or cheque will be provided.
3.4. Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.
3.5. Доколку Учесникот не избере една од понудените валути во образецот за барање, Canon може да додели валута по свое апсолутно дискреционо право.
3.6. Where a Participant fails to select one of the currencies offered on the claim form, one may be allocated at Canon’s absolute discretion.
3.7. Ќе се издаде само една IBAN исплата по важечко барање.
3.8. Доколку сте регистрирани за ДДВ во Р. Северна Македонијаи добивате поврат на пари, тоа може да ја намали оданочливата вредност на вашата набавка, па согласно на тоа можеби ќе треба соодветно да го намалите и вашиот влезен данок.
3.9. Сите даноци, давачки или одговорности наметнати или применливи за повратот на пари, ќе бидат на товар на Учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.
4. ПРОМОТОР
4.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, Am Europlatz 2, 1120,Виена, Австрија.
5. ОДРЕКУВАЊА ОД ОДГОВОРНОСТ
5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било Учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените илиагентите на Canon.
5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.
5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или Учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во однос на оваа промоција се конечни и по нив нема да се води понатамошна кореспонденција.
6. ПОДАТОЦИ
6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од Учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога Учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA.
6.2. Личните податоци собрани од учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon http://www.canon.com.mk/privacy-policy/.
7. ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ
Овие правила и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.
8. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ
|
Име на производ
|
Износ на поврат на пари
|
Износ на поврат на пари за членови на Canon Club
|
|
EOS R1 V6 BODY
|
24.600 MKD
|
27.060 MKD
|
|
EOS R1 V5 BODY
|
24.600 MKD
|
27.060 MKD
|
|
EOS C80 BODY
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS C70 BODY
|
12.300 MKD
|
13.530 MKD
|
|
EOS R5 C V2.4 BODY
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R5 C BODY
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R5 MARK II V5 BODY
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R5 MARK II V6 BODY
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R5 MARK II V6 + RF 24105 L KIT
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R5 MARK II V5 + RF 24105 L KIT
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R6 MARK II V5 BODY
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R6 MARK II V5 + RF 24-105 S KIT
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R6 MARK II V5 + RF 24-105 L KIT
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R6 MARK II V2.4 + RF 24-105 S KIT
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R6 MARK II V2.4 + RF 24-105 L KIT
|
18.450 MKD
|
20.295 MKD
|
|
EOS R8 BODY
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R8 BODY + LP-E17 DOUBLE BATTERY KIT
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R8 + RF 24-50 F4.5-6.3 IS STM KIT
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R8 + RF24-105 F4-7.1 IS STM KIT
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS RP BODY
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS RP + RF 24-105 S KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R7 BODY
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R7 + RF-S 18-150 IS STM KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R10 BODY
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R10 + RF-S 18-45 IS STM KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R10 + RF-S 18-150 IS STM KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 V BK V2.4 BODY
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R50 V BK V2.4 + RF-S14-30 KIT
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R50 V BK V5 BODY
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R50 V BK V5 + RF-S 14-30
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R50 V+RF-S14-30 V2.4 CONTENT CREATOR KIT
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R50 V+RF-S14-30 V5 CONTENT CREATOR KIT
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
EOS R50 BK BODY
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 BK + RF-S 18-45 S KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 WH + RF-S 18-45 S KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 BK + RF-S 18-45 S CONTENT CREATOR KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 BK + RF-S 18-45 S+BAG+SD TRAVEL KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 BK + RF-S18-45 + RF75-300 KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 BK + RF-S 18-45 S + RF-S 55-210 S KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R50 BK + RF-S 18-150 S KIT
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
EOS R100 + RF-S 18-45 S KIT
|
4.920 MKD
|
5.412 MKD
|
|
EOS R100 + RF-S 18-45 S + RF-S 55-210 S KIT
|
4.920 MKD
|
5.412 MKD
|
|
EOS R100 BK + RF-S 18-45 S+BAG+SD TRAVEL KIT
|
4.920 MKD
|
5.412 MKD
|
|
EOS R100 + RF-S18-45 + RF75-300 KIT
|
4.920 MKD
|
5.412 MKD
|
|
Powershot V1
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
Powershot V1 Premium Vlogger Kit
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 24-105MM F2.8 L IS USM Z LENS
|
12.300 MKD
|
13.530 MKD
|
|
RF 70-200MM F2.8 L IS USM Z BLACK LENS
|
12.300 MKD
|
13.530 MKD
|
|
RF 70-200MM F2.8 L IS USM Z WHITE LENS
|
12.300 MKD
|
13.530 MKD
|
|
RF 15-35MM F2.8 L IS USM LENS
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
RF 24-70MM F2.8 L IS USM LENS
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
RF 70-200MM F2.8 L IS USM LENS
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
RF 100-500MM F4.5-7.1 L IS USM LENS
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
RF 28-70MM F2 L USM LENS
|
9.225 MKD
|
10.148 MKD
|
|
RF 20mm F1.4L VCM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 24mm F1.4L VCM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 35mm F1.4 L VCM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 50mm F1.4L VCM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 85mm F1.4L VCM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 100MM F2.8 L MACRO IS USM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 24-105MM F4 L IS USM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 14-35MM F4 L IS USM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 16-28mm F2.8 IS STM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 28-70mm f/2.8 IS STM
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
RF 70-200MM F4 L IS USM LENS
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
imagePROGRAF PRO-1100 Photo Printer
|
6.150 MKD
|
6.765 MKD
|
|
imagePROGRAF PRO-310 Photo Printer
|
4.305 MKD
|
4.736 MKD
|
9. СПИСОК СО ПРОДАВНИЦИ КОИ УЧЕСТВУВААТ:
Neptun Macedonia
Setec
F Stop
Pixplus